- Судиската комисија на КФМ се огласи после соопштението на федерацијата која ги обвини дека тие диктираат и одлучуваат за завршницата на кошаркарските првенства.
- Велат дека КФМ им должи 1,7 милиони денари, а последната исплата за прва лига била на 18 јануари.
- Според правилниците тие треба да си ги земат заработените пари во рок од 48 часа по завршување на натпреварите.
- Некогашниот фудбалер на Црвена звезда, Лацио и Интер, освојувач на Лига на шампиони со Жозе Мурињо и Горан Пандев, легендарниот Дејан Станковиќ наскоро ќе биде претставен како нов тренер на црвено-белите.
- Станковиќ веќе ја водеше Звезда од декември 2019 до 2022-ра година, освои три шампионски титули, два Купа на Србија, играше во две групни фази на Лига Европа но два пати испадна во последното коло од квалификации за Лига на шампиони.
- Станковиќ доаѓа на местото на Владан Милојевиќ на чие место дојде и тогаш пред шест години. Милојевиќ важи за најуспешниот тренер во историјата на клубот кој дури три пати го внесе во Лига на шампиони и три пати во Лига Европа. Сезонава Милојевиќ оствари три победи, една нерешена и два порази во Лига Европа и екипата е на праг од пласман во нокаут-фазата.
- Дејан Станковиќ до неодамна беше тренер на Спартак Москва каде доби отказ по серијата топло-ладно настапи и големата бодовна разлика со врвот на табелата.
- Баварскиот клуб ја доби најтешката казна од УЕФА во нивната клупска историја откако од Нион соопштија дека го казнуваат германскиот гигант 116.000 евра и делумно затворање одредени делови од стадионот за првиот следен домашен натпревар од Лига на шампиони. Причина за ова е што на 9. декември на дуелот против Спортинг Лисабон навивачите на Баерн распалија стотици бакљи, огномети, петдарди. Следниот дуел на 21-ви јануари против белгиски Унион Ројал Сен Жилоа ќе биде со намален капацитет поради казната.
- УЕФА притоа соопшти дека забранува продажба на карти за гостински навивачи за Ахнтрахт Франкфурт (првиот следен дуел им е со Карабах во Азербејџан), поради тоа што фрлаа предмети кон домашните навивачи на Барселона на „Камп Ноу“. Ајнтрахт е казнет со 38.000 евра и имаат рок од 30 дена да ја покријат целата штета што навивачите од Франкфурт ја направиле на реновираниот „Камп Ноу“.
- Спортинг Лисабон е казнет со 40.000 евра и забрана за гостување на навивачите на еден натпревар. Лил е казнет со 10.000 евра за палење пиротехника на мечот со Јанг Бојс, а Макаби Тел Авив е казнет со 20.000 евра поради расистички скандирања и навреди на дуелот со Штутгарт на гости во Лига Европа.