- По серијата слаби резултати поради кои Динамо Загреб веќе не е апсолутно доминантен во домашните натпреварувања, управата на клубот го отпуштила тренерот на првиот тим Дамир Крзнар.
- Чашата ја прелеа дебаклот од големиот ривал НК Ријека во хрватскиот Куп и пораз 1:3 на „Максимир“ во Загреб.
- Дамир Крзнар е поранешен фудбалер на Вартекс, Динамо Загреб и Интер Запрешиќ а како тренер работел во два клуба од Саудиска Арабија, еден од ОАЕ и во домашните Интер Запрешиќ и Динамо Загреб.
- Капитенот на „модрите“ и македонски репрезентативец Аријан Адеми заедно со капитенот на Македонија Стефан Ристовски ќе ги води привремено Жељко Копиќ како в.д. тренер.
- Најсериозен кандидат за нов предводник на Динамо е човекот кој направи чуда со Ријека пред неколку години, Словенецот Матјаж Кек. Токму Стефан Ристовски беше дел од сјајната генерација на Ријека која ја освои двојната круна и го симна Динамо од тронот. Како кандидати се споменуваат уште и Роберт Просинечки и не баш омилениот во Хрватска Анте Чачиќ.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.