Старо-нов тренер ќе го води Еурофарм Пелистер до крај на сезоната
12 јануари 2026
- Некогашниот играч и во неколку наврати тренер на Пелистер, Стевче Алушевски се враќа на добро познатата клупа. Управата на зелено-белите реши некогашниот нивен тренер да ја води екипата до крајот на сезоната.
- Стевче Алушевски во својата тренерска кариера ги водеше уште и Еурофарм Работник од Битола, како и Вардар 1961 и Охрид а кратко престојуваше и на Исланд.
- Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) од 17:00 часот.