Стадионот во Копенхаген е распродаден, Македонија ќе ја чека тежок амбиент
23 март 2026
- Македонската фудбалска репрезентација во четврток вечер од 20:45 ќе игра полуфинале на бараж против Данска на гости. Фудбалската федерација на Данска соопшти дека стадионот „Паркен“, дом на фудбалерите на Копенхаген бил распораден за натпреварот со Македонија.
- Данците ќе имаат поддршка од околу 37.000 навивачи а Македонија ќе ја бодрат околу 1.000 навивачи, што од земјава што од дијаспората.
- Победникот од натпреварот Данска - Македонија ќе игра во финалето против подобриот од дуелот Република Ирска - Чешка.