- Некогашниот хрватски репрезентативец а подоцна тренер на неколку италијански прволигаши и на Галатасарај, минува низ тежок период затоа што пред неколку дена останал без татко му Марио кој починал, а во меѓувреме забележа неколку порази по ред откако го поставија за тренер на Тотенхем.
- Попладнево англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем веќе се договара со Тудор околу спогодбена разделба, без штета за ниедна од двете страни и бара нов тренер кој ќе се обиде да ја спаси екипата од срамно испаѓање во втора лига.
- Тотенхем цели 46 години е член на најдобрата англиска лига, од 1977-ма не бил во втора лига, но сезонава на само 7 кола до крајот се чини е најблизу до таква катастрофа затоа што се само пар бодови над опасната зона која води во Чемпионшип.
- Кандидати за привремен тренер до крајот на сезоната се Маурисио Почетино кој пред неколку години ги одведе до финале на Лига на шампиони и доскорешниот помошен тренер Крис Хјутон.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.