- Прославениот хрватски репрезентативец Иван Перишиќ кого навивачите на сплитски Хајдук со години го чекаа да се врати во нивниот клуб, неславно заминува од „Пољуд“.
- Хајдук пред новата сезона го претстави Џенаро Гатузо за нов тренер. После само неколку кола во новата сезона, Гатузо го исфрлил Перишиќ од тимот за неделното гостување кај Локомотива во Загреб поради недисциплина.
- Навивачите на Хајдук застанале на страна на Гатузо а некогашниот фудбалер на Волфсбург, Баерн Минхен, Интер и Тотенхем бил навредуван и бркан од клубот. Денес Хајдук соопшти дека со Перишиќ спогодбено е раскинат договорот.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.