- Искусниот стратег потпиша двегодишен договор и главна задача ќе му биде да избори пласман на Европското првенство. Тој е повратник во националниот тим кој го водеше во период од 2006 до 2012 година.
- „Одиме чекор по чекор. Ќе бидеме скромни и понизни. Дојдов да направам голем одличен резултат, пред сè на Европското првенство. Имам три темели за тоа. Едниот е стабилноста на Федерацијата, другиот е квалитетот и потенцијалот на тимот“.
- Впечатокот за Светското е подобар од резултатот. Главната цел е постигната, ја поминавме групата, што беше многу потешко отколку што изгледаше. Ја занемарив Панама. Штета за мечот против Португалија, видовме две лица на Хрватска. Да преминеме на другото лице, односно на второто полувреме. Беше феноменално. Нè ограбија, немам други зборови“, рече Билиќ
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.