- Најдобрата тенисерка на свет во последните неколку недели не личи на себе на тениските терени. Белорусинката која сееше страв на Гренд слем турнирите и освои еден куп ВТА титули, сега е во страшен пад на формата.
- Арина Сабаленка оди од пораз во пораз и западна во тешка резултатска криза.
- Откако ги освои Индијан Велс и Мајами во март, изгуби во четвртфинале на Ролан Гарос, изгуби во 4. коло на Вимблдон, беше елиминирана од Мастерсот во Торонто каде изгуби од Екатерина Александрова.
- Сега шокантен пораз Сабаленка претрпе и од 20-годишната тенисерка од Чешка Сара Бејлек која е на 35. место на женската светска ранг листа. Белорусинката изгуби откако во вториот сет имаше водство 4-1 а во првиот сет изгуби во тај-брејк 9:7.
- По освоениот таканаречен „Саншајн Дабл“ во Индијан Велс и Мајами, Арина Сабаленка загуби на 7 турнири: Мадрид (четврфинале), Рим (16/финале), Ролан Гарос (четвртфинале), Берлин (полуфинале), Вимблдон (осминафинале), Канада/Торонто (осминафинале) и Синсинати (осминафинале).
- Сега ја чека УС Опен но со ваква форма многу лесно би можела да ја изгуби првата позиција на ВТА листата која сериозно ја мерка Елена Рибакина.
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.