Што го чека РК Вардар во Европа наскоро?
12 декември 2025
- Црвено-црните повторно донесоа европски шмек во својот дом во СЦ „Јане Сандански“ и се вратија на голема врата во Европа. Првата групна фаза ја одиграа одлично, забележаа неколку победи и завршија на прво место.
- Сега ќе играат во главната групна фаза од Европската лига. Ќе почнат против Бенфика на гости на 17-ти февруари. После ги чека Мелсунген на 24-ти февруари во Скопје па уште еден домашен дуел против Бенфика на 3-ти март. Ќе затворат со Мелсунген на гости на 10-ти март.
- Вардар со триумфите од првата фаза пренесе по два бода заедно со Кристијанштад, Мелсунген пренесе четири а Бенфика нема ниту еден бод во следнава фаза.