Шест години од смртта на Коби Брајант
26 јануари 2026
- На 26-ти јануари 2020-та легендата на НБА, трофејниот Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и седум други лица загинаа при пад на хеликоптер на рид при магловито време во Јужна Калифорнија. Коби Брајант имаше 41 година.
- Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите кошаркари во историјата. Петкратен НБА шампион (2000-2002, 2009, 2010), двократен МВП на НБА финалињата и еднократен МВП на основниот дел. Брајант имаше дури 18 настапи на Ол Стар каде 4 пати беше прогласен за најдобар играч. 11 пати беше биран во најдобриот тим на сезоната. Во 1997-ма победи на натпреварот во забивање. Освои две олимписки злата со САД (2008 и 2012).