- Шаховскиот клуб Алкалоид во последното, 7. коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3:3 успеа да ја освои 27-та титула во клупската историја, а 13-та во низа.
- Најтрофејниот шаховски колектив на Македонија на крајот ја затвора сезоната на прво место со 13 бода (6 победи, 1 нерешена), а ШК Мулти Есенс е втор со 12 бода на крајот (5 победи и 2 нерешени меча). Обете екипи се непоразени во првенството.
- За првакот Алкалоид играа интернационалците ВМ Александар Инѓиќ (актуелен европски шампион) и ВМ Велимир Ивиќ на првите две табли. Настапија уште и ИМ Филип Панчевски, ИМ Емил Ристески, ИМ Тони Лазов, ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојкоски и ВМ Драгољуб Јачимовиќ. Алкалоид доминира во македонскиот шах зошто титулата во женска конкуренција ја освои женскиот тим на Алкалоид предводена од ИМ Лела Јавакишвили и ВМ Бела Котенашвили, ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Моника Стојковска, ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.