Сеск Фабрегас на чекор да го внесе Комо во Серија А
6 мај 2024
- Откако Парма обезбеди сигурен пласман во Серија А како прва во втората италијанска лига, на коло пред крајот по нивен пат би можел да тргне и Комо.
- Тренерот на Комо Франсеск Фабрегас, легендарниот фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси, би можел да го оствари сонот чекан во Комо цели 22 години.
- Комо е втор на табела со 72 бода, а трета е Венеција со 70. Во последното коло Комо дома ја пречекува Козенца, а Венеција ќе гостува кај Специја. Во случај на триумф, клубот во кој акции имаат повеќе бизнисмени и познати фудбалски лица меѓу кои и Тиери Анри и Денис Вајс, би можел да се врати во Серија А првпат после 2002-ра година.