- Шпанските упорни спортски новинари изрудариле информација од најтесниот круг раководни лица во Барселона и од неделата вечер има натписи дека Германецот Ханси Флик би можел да го наследи Чави.
- Флик би требало да седе на клупата на Барселона на крајот од актуелната сезона. Ханси беше сјаен предводник на Баерн Минхен со кого освои дури шест трофеи и играше прекрасен фудбал, но подоцна не се снајде баш најдобро во репрезентацијата на Германија и поради очајни резултати доби отказ. На негово место дојде поранешниот тренер на Баерн Минхен, РБ Лајпциг и Хофенхајм Јулиан Нагелсман.
- Чави во саботата вечер после тешкиот пораз од Виљареал 3:5 изјави дека си оди по крајот на сезонава во јуни. Покрај Флик, за нов тренер на Барселона се споменуваат уште Тиаго Мота, Иманол Алгуасил, Серџо Консеисао и Мичел.
- Првиот човек на фан-клубот навивачи на Реал Мадрид од шпанската ексклава Сеута (градче кај Мароко кое и припаѓа на Шпанија), изјавил дека биле разочарани од тоа што фудбалерите на Реал Ибраима Конате, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор ги сокриле натписите за поддршка на Сеута на маиците пред натпреварот со Елче (2:3).
- Се појави видео на кое Винисиус му покажува на Мбапе како да ја свитка маицата за да не се гледа натписот за поддршка на жителите на Сеута. Таканаречената Пења Мадридиста Сеута брои околу 120 членови и е основана во далечната 1987-ма година.
- Овој град се најде на страшен удар на имигрантски наплив при крајот на јули кога преку 70.000 имигранти насилно влегоа или се обидоа да влезат во Сеута, па оттаму да тргнат за Шпанија. Оттогаш досега се случиле бројни кривични дела меѓу кои и силувања на малолетнии девојчиња од страна на имигрантите кои се судрија и со полицијата.
- „Бевме изненадени кога ги видовме кадрите од подтрибинскиот простор и видовме како сите играчи ги облекуваат маиците со натпис за поддршка на нашиот град. Но потоа приметивме како тројца играчи на Реал ги виткаат маиците за да не го прикажат самиот натпис. Помисливме: 'Значи нема поддршка'. Ни беше многу криво особено што тоа се играчи на нашиот Реал. Колку што сфатив, Мбапе кажал и дека иако тој сочуствува со нашата ситуација, исто е солидарен и со мигрантите и затоа не ја облекол маицата. Ако имаш маичка за поддршка на Сеута, не ја соблекувај, а утре или на следниот натпревар облечи некоја во поддршка на мигрантите. Просто е“, му порачал на Мбапе првиот човек на фан-клубот на Реал Мадрид од Сеута.
- Одбојкарската репрезентација на Македонија помалку го обели образот и со триумф го заврши своето четврто учество на европските првенства, совладувајќи го Израел со 3:0 во Софија, по сетови 25-21, 25-23 и 25-22.
- Капитенот Никола Ѓорѓиев уште еднаш беше најдобар поединец во македонската репрезентација со 20 поени, пред Стојан Илиев со 14.
- Единствената победа на шампионатот по четирите максимални порази ги искачи „црвено-жолтите“ на петтото место во групата Б, оставајќи ги Израелците зад нив и спречувајќи ги да се пласираат во осминафиналето.
- Македонија претрпе 4 порази во групната фаза: од домаќинот Бугарија, од големиот фаворит за титулата Полска, од силната Украина и од Португалија. Со триумф над Израел Македонија со 1-4 го заврши учеството на четвртото Европско првенство по ред.