Се појави лажен профил на македонската Арена спорт
8 април 2026
- На Фејсбук се појави страница под името Арена Спорт со порака „Следи го пулсот на играта — секој ден“, која не е официјална и нема врска со телевизијата.
- Новинарската екипа е пред комплетирање и се очекува наскоро да зрачи во етер на македонски.
- „Страницата што изминатиов период зачестено се појавува на Фејсбук фидовите на спортските вљубеници во Македонија со името и логото на нашата телевизија е лажна, односно не е официјална“, велат луѓето кои стојат зад проектот „Арена спорт Македонија“.