- Најлошите стравувања се потврдени. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и ќе го пропушти остатокот од сезоната со Реал Мадрид, како и Светското првенство.
- Бразилската ѕвезда утрово беше подложена на медицински тестови за да се утврди точниот степен на повредата на коленото што ја претрпе против Хетафе.
- Оваа сериозна повреда е катастрофален удар, како за играчот, така и за Реал Мадрид и за бразилската репрезентација.
- Скопскиот тим Мулти Есенс го посрамоти Вардар Неготивно со 86-14 во младинската лига и тоа е историски подвиг со рекорден број голови на еден официјален меч.
- Ракометарот на Мулти Есенс, Бобан Поповски влезе во историјата на македонскиот ракомет со 37 гола.
- Поповски е крило на Мулти Есенс, а отсега се знае дека идната сезона ќе биде член на Вардар.
- Некогашниот познат лев бек на Депортиво Ла Коруња, Атлетико Мадрид, Фламенго, Челси и бразилската репрезентација Филипе Луис (40) почна скоро како тренер. Работеше со младите фудбалери У-17 на Фламенго па преку У-20 стигна до прв тим на Фламенго.
- Дојде на место на легендарниот Тите и прво беше поставен како в.д. тренер, како привремено решение. Уште во првата сезона го освои пехарот во Купот на Бразил, а после неколку месеци и шампионската титула во Копа Либертадорес и шампионски трофеј во првенството на Бразил.
- Со три најголеми трофеи во бразилскиот фудбал стана хит тренер и за него се заинтересираа големи европски клубови.
- Во меѓувреме Фламенго му понудил богат нов договор, а Филипе Луис преговарал со луѓето од Челси. Се испоставило дека го планирале за нов тренер на француски Стразбур кој е филијала на Челси. Луис првично ја одбил понудата на Фламенго а кога сфатил дека не го викаат веднаш за Челси туку за Стразбур решил да остане во бразилскиот гигант но тогаш добил моментален отказ.
- Нов тренер на Фламенго е Леонардо Жардим.