- Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржува првиот Регионален ракометен турнир „Скопје 2025“, спортски настан инициран како резултат на соработката на ресорните министерства за спорт на Македонија, Србија и на Црна Гора.
- Првото издание на турнирот на кој настапуваат водечки екипи од трите земји во двете конкуренции, се одржува во организација на Ракометната федерација на Македонија со поддршка од Министерството за спорт.
- „Ми претставува огромно задоволство што една заедничка идеја за само неколку месеци успеавме да ја претвориме во конкретна работа. Заедно со моите колеги, министерот за спорт на Република Србија и со министерот за спорт и млади на Црна Гора, покажавме дека можеме да организареме еден ваков турнир кој сигурен сум дека ќе прерасне во традиција. Преку ова испраќаме и порака дека заедно, со здружени сили можеме да направиме многу повеќе за спортот од она што го имаме сега на овие простори“, истакна министерот Борко Ристовски.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.