Ракометарите на Вардар 1961 ја почнуваат европската авантура
14 октомври 2025
- Вечерва од 18:45 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје Вардар 1961 ќе го пречека хрватски Сесвете во 1. коло на стартот на Европската лига на ЕХФ.
- Црвено-црните имаат фантастичен почеток на сезоната со 7/7 во домашното првенство од кои 2 триумфи против директните конкуренти за врвот - Еурофарм Пелистер и РК Охрид.
- Вардарци се надеваат дека со помош на публиката ќе ја забележат првата победа на сезоната во Европа и дека за разлика од лани кога имаа крајно тешки противници, сезонава ќе ја минат групната фаза и ќе тргнат во поход кон завршницата на турнирот. Во група покрај Сесвете им се уште и Тулуз и Кристијанштад.