- Во пресрет на кошаркарскиот натпревар од 18-тото коло на МТЕЛ Суперлигата, Работнички го одбележува историскиот јубилеј од славното минато: Педесет години од полуфиналните средби, во Купот на победниците на куповите.
- Се работи за натпревари помеѓу Работнички и Цинцано од Милано (сегашниот италијански евролигаш Олимпија Милано) одиграни во сезоната 1975/76. На 25 февруари 1976 година во Арената “Адеко“ во Милано победи домаќинот Цинцано (90-67), а на 3 март во салата „Градски Парк“ во Скопје победи Работнички со 104-89.
- Две недели подоцна, на 17 март 1976 година, во финалето Милано го победи Турс од Франција (88-83). Вредно е да се напомене дека два месеци претходно, финалистот Турс загуби од Работнички во Скопје (90-107).
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.