Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Работнички одбележи голем јубилеј: 80 години од првиот натпревар

5 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Кошаркарскиот клуб Работнички одбележа значаен јубилеј – 80 години од одигрувањето на својот прв официјален натпревар. На 2 август 1946 година, на големиот православен празник Свети Илија и државниот празник Илинден, започнало првото кошаркарско првенство на Македонија, организирано во рамките на Вториот фискултурен слет. На турнирот настапиле екипите на Македонија, Работнички и Ванчо Прке од Штип.
  • Работнички во својот дебитантски настап го совладал Ванчо Прке со 30-8, по што штипскиот тим се повлекол од натпреварувањето. Натпреварите се играле на импровизиран терен поставен на Градскиот стадион во Скопје. Линиите биле исцртани со вар, кошевите биле изработени од железо без мрежички, а наместо кошаркарска се користела одбојкарска топка. Во тоа време не се досудувале лични и технички грешки, немало тајм-аут, а натпреварите траеле 40 минути, поделени на две полувремиња по 20 минути. За Работнички на историскиот натпревар настапиле Славко Матовски, Драган Луковски, Трајан Ивановски, Борис Анастасов, Атанас Радевски, Војче Димитровски и Илија Ќовкаров.
  • Во текот на својата богата историја, Работнички изгради статус на најтрофеен македонски кошаркарски клуб. Во поранешната СФР Југославија одигра 18 сезони во елитното првенство и трипати заврши на петтото место, а стигна и до полуфинале на Купот „Радивој Кораќ“, финале на Купот на Југославија, како и до завршниците на најсилните домашни натпреварувања.
  • По осамостојувањето на Македонија, клубот освои рекордни 15 шампионски титули, 10 национални купови и два Суперкупа, а бележеше и значајни настапи на европската сцена, меѓу кои четвртфинале во ФИБА Европскиот куп, пласман меѓу осумте најдобри во ФИБА Европа купот и финале во БИБЛ-лигата.
извор

Како да не му продолжиш договор на играч со скоро 150 гола во три сезони?

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Баерн Минхен го продолжи договорот со добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, до 30 јуни 2029 година.
  • Англискиот напаѓач направи растур систем во дресот на германскиот гигант за кој има 156 гола на 161 натпревар. 146 во првите три сезони и 10 во оваа.
  • Со Баерн освои бројни трофеи, меѓу и наградата за најдобар стрелец во Бундеслигата во секоја сезона, а оваа година беше прогласен и за фудбалер на годината во Германија. Двапати ја освои „Златната копачка“, а пред неколку дена и Златната топка.
  • Капитенот на англиската репрезентација кој настапува во Минхен од летото 2023 година, освои две титули во германското првенство и Купот на Германија, како и два германски Суперкупа.
извор

Лазаров: Нè чека пеколен меч со Грција!

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонската ракометна репрезентација на најдобар начин ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако го декласираше Луксембург со 41-23. 
  • „Не ми е најважен резултатот, туку пристапот и начинот на кој игравме. Имавме темпо во текот на сите 60 минути, што воопшто не е лесно за нашите македонски услови, без разлика што противник беше Луксембург. Им честитам на момците за сработеното“, заклучи Лазаров.
  • „Имаме три дена до натпреварот со Грција, каде што нè очекува пеколен меч против одлична репрезентација. Ќе пристапиме максимално сериозно и мораме да бидеме подготвени за сите можни сценарија. Ќе се обидеме психолошки да се подготвиме за она што нè очекува“, порача селекторот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
3

Јапонија бара резервен главен град

Свет
4

Се очекува стампедо

Балканштина
5

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
6

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
7

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

8

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Канта
1

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
2

30.000 грла ечеа на Пољуд во чест на Мишо Ковач

Навивачи
3

Што воопшто бараше Балотели да шутира од таму?

Фудбал
4

Чудо на годината: Комо победи 9:1 среде Франција

Фудбал
5

Наскоро крај на најдолговечната фудбалска приказна во Европа

Фудбал
6

Нов застрашувачки удар во втората шпанска лига

Фудбал
7

Историскиот блицкриг на ПСЖ, кој го сруши рекордот на Реал со Мурињо

Фудбал
8

Леброн залута во публика па си пивна вино од еден гледач

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ситуацијата во која државата е главен работодавец е совршен терен за секој облик на деспотизам

Зошто јазикот на Мајли е толку бел?

Препишана смрт

Легенда за барометарот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy