- „Кварацхелија побара да го продадеме. Многу сум разочаран. Во работата со него за оваа пола година сакав да сфати дека тој е центарот на проектот“, рекол тренерот на Наполи Антонио Конте.
- Во понеделникот инсајдерот Фабрицио Романо соопштил дека зделката е практично готова и дека најдобриот фудбалер на Наполи Хвича Кварацхелија (23) оди во ПСЖ за 70 милиони евра вреден трансфер и плус бонуси. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
- „Наш приоритет е клуб кој игра во Лига на шампиони. Наполи има големи планови со Конте. Тие одат во еврокупови и се борат за титула, но тоа не значи дека Хвича сака да остане, зошто таквиот исход би бил лош за него и ќе изгуби година“, рекол татко му фудбалерот, Мамука Џугели уште за време на Европското минатото лето.
- Матеј Гаштаров полека, но сигурно се наметнува како еден од поважните фудбалери во Црвена Ѕвезда. Има 16 настапи, еден гол и две асистенции, а на гостувањето против Гент со прекрасен гол му донесе бод на својот тим.
- За неговата улога во тимот зборуваше и тренерот на Нови Пазар, Ненад Лалатовиќ, во пресрет на неделниот првенствен дуел со Црвена Звезда. Тој смета дека македонскиот фудбалер треба да добива повеќе можности во средниот ред и даде висока проценка за неговиот потенцијален трансфер.
- „Зошто од добар играч за врска правиме лош стопер? Зошто од лош десен бек правиме лош играч за врска? Тоа дете можеби во моментов е најдобриот играч за врска во лигата. Ако игра на таа позиција, ќе биде продаден за 20.000.000 евра. Тоа момче не е стопер, но Риера има своја идеја, да создава вишок со него и да ја изнесува топката, бидејќи има феноменален чекор и чувство за простор.“, изјави Лалатовиќ.
- „Македонци претерали“ беше еден од многуте наслови на оваа тема уште пред неколку месеци. Не секој проблем се решава со „дајте друго дете“, во случајов дај друг пасош, уште повеќе ако се знае дека во минатото еден поранешен претседател на федерацијата беше обвинуван дека направил богатство токму од делење македонски пасоши на странски кошаркари.
- Сакаме да веруваме дека во нашата федерација сега причините се кошаркарски, не финансиски, но и да е така, време е да се престане со праксата. Сестина, Мур, Стјуард и Рајт… Четири евролигашки играчи, со добиени македонски пасоши во изминатите 12 месеци. За што? За да губиме од Кипар?
- Ако не им е јасно на луѓето во „куќата на кошарката“, дефинитивно треба да реагираат оние од институциите, да стават крај на ова делење македонски пасоши во спорт каде право на настап има само еден таков натурализиран странец по натпревар.
- А Македонија имаше селектор, домашен тренер што почна да ги спојува коцките во мозаикот и ги почна претквалификациите со сигурни победи. И тој беше сменет за да дојде странец, да се фали дека ги победил Ирска и Луксембург и фијаското од Кипар да го оцени како „само еден пораз“, пишува Стеван Цаневски за Екипа.мк