- Англискиот шампион западна во сериозна резултатска криза на која не и се гледа крајот (само 4 победи на последните 14 средби). На страна тоа, работите не стојат воопшто добри ниту во соблекувалната. Многумина тврдат дека тренерот Арне Слот ја изгубил истата, дека играчите веќе не му веруваат, а Мохамед Салах прв истапи јавно и се пожали дека е шокиран што дури три натпревари по ред седи на клупа за резерви.
- Салах како последица на неколку испади во јавноста по ред не е повикан на списокот играчи за дуелот со Интер во Лига на шампиони во вторник вечер.
- „Не е лесна ситуација, но ние како група правиме се што можеме. Имаме личен однос со него (со Салах), играв со Мо уште откако сум дојден во Европа, една година во Рома и осум во Ливерпул. Тој е прекрасен човек, одличен карактер и легенда на Ливерпул. Не сум среќен поради ова, но во фудбалот немаме многу време за да жалиме. Имаме голем предизвик утре, голем противник. Салах не е повикан како последица на тоа што го направи и тој е доволно паметен да го знае тоа. Не сум зборувал со Мо за тоа. Имаме добар однос, не е само соиграч, туку поминуваме многу време заедно, добри пријатели сме“, рекол Алисон Бекер и одговорил на прашањето дали Салах ќе игра пак дека „не знае но се надева“.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.