- Несекојдневна и непријатна вест за РК Вардар, но и секој кој се шета слободно низ скопските улици. Вуко Борозан бил нападнат од кучиња скитници.
- Во обид да ги одбрани своите деца, Борозан бил искасан и завршил во болница со 14-15 конци.
- Со тоа се зголеми листата на повредени играчи на Вардар, кој утре од 20:45 го пречекува Порто во рамките на Европскиот Куп.
- Игор Ангеловски беше претставен за нов селектор на Таџикстан, селекција која поранешниот предводник на македонската репрезентација ќе ја води во Азискиот куп наредната година.
- Во неговиот стручен штаб се Милан Илиевски и Иван Јовановски со кои соработува долго време и кои дел од историскиот пласман на ЕП 2020.
- „Ова за мене е нов предизвик. Сакам веднаш да кажам: критикувајте ме само мене, не играчите и не Федерацијата. Целата критика нека биде насочена кон мене. Свесен сум за одговорноста што ја носи селекторската функција. Ќе направиме сѐ што можеме за да ги израдуваме навивачите и достоинствено да го претставуваме Таџикистан на меѓународната сцена“, порача меѓу другото популарниот Мрме.
- Еден од најтрофејните тренери во историјата, Карло Анчелоти го обнови договорот со Бразил до 2030 година. 66-годишниот Италијанец кој седна на клупата на Бразил во мај 2025-та откако го напушти Реал Мадрид, ја спрема репрезентацијата за Светско првенство.
- „Стигнав во Бразил пред една година. Од првата минута сфатив колку фудбалот и значи на оваа земја. За една година сработевме да го донесеме Бразил назад во светскиот врв но фудбалската федерација и јас сакаме повеќе - повеќе победи, повеќе време, повеќе работа. Сакам да и се заблагодарам на федерацијата за нивната доверба. Благодарам Бразил за топлото добредојде и за приемот“, рекол Анчелоти.