- Центарфорот со африканско потекло од ДР Конго, роден во Белгија, Ромелу Лукаку повторно прави проблеми во Наполи. Доцнел и не се вратил навремено по репрезентативниот собир со Белгија, пропуштил неколку тренинзи и сега клубот размислува да го отстрани од екипата.
- Управата на Наполи преку соопштение најави дека ќе потегне дисциплински мерки и дека играчот би можел да биде тргнат на страна од тимот поради тешки пропусти во почитување на договроот.
- Лукаку решил да остане во Белгија за да се опоравел после болки во колкот и за тоа според него му требале 10 дена.
- „Сезонава ми е многу напорна, меѓу повредата и личната загуба (почина татко му). Знам дека има многу гласини во врска со мојата ситуација па подобро е да разјаснам се. Вистината е дека во последните недели не се чувствував добро физички. Бев на контрола во Беглија и ми открија воспаление на мускулот близу колкот. Сакав рехабилитацијата да ја продолжам во Белгија за да бидам спремен кога ќе се вратам. Го видовте и интервјуто во Верона, не сакам никогаш да му свртам грб на Наполи, никогаш“.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.