- Минатиот месец најсериозни и угледни европски медиуми пренесоа вест дека Мино Рајола кој се лекува на клиника во Италија и извесно време бил на интензивна нега, починал. Мино ги демантираше со експресен твит дека „го умираат веќе четврти пат во два месеци“.
- Само два дена после, на 30 април Мино почина.
- Холандски новинар прави емисија за него и разговара со луѓе во Холандија и Италија кои биле дел од блиското опкружување на Мино.
- Денвер Нагетс е франшиза која во последно време прилично конзервативно работеше на трансфер пазарот. Но еден потег кој го повлече досегашниот нивен кошаркар Кентавиус Колдвел-Поуп кој отиде за богат договор во Орландо Меџик, како да започна нов циклус. Расел Вестбрук еден од најдобрите НБА кошаркари во последните неколку години и човек кој е апсолутен лидер по број на трипл-дабл учиноци, е на добар пат да му се приклучи на Денвер Нагетс.
- Вестбрук наводно ја искористил опцијата да плати 4 милиони долари со цел да стане слободен агент. Некогашниот МВП на НБА лигата сега е слободен во својот избор а гласините од НБА велат дека е близу до Нагетс каде би требал да го сочинува триото Мареј-Јокиќ-Вестбрук.
- Од другите шушкања за трансфери, се зборува дека Крис Пол и Кајл Лоури во новата сезона ќе играат за Голден Стејт Вориорс. Пол беше член на „воините“ сезонава но од 1-ви јуни е слободен агент во избор на нова средина.
- Под водство на италијанскиот тренер Винченцо Монтела, Турција ја помина групата на Еуро2024 со две победи, против Грузија (3-1) и против Чешка (2-1). Изгубија само од Португалија (3-0).
- Од германската федерација за заштита на околината и природата реагирале на тоа што Турција решила од својата база во Хановер до Хамбург каде играа против Чешка репрезентацијата да патува со авион. Растојанието меѓу овие два града е само 132 километри. „Апсолутно бесмислено и непотребно“, вели Вернер Рех од германската федерација за заштита на животната средина и природа.
- Рене Шварц од граѓанската иницијатива за намалување на загадувањето на воздухот во Хамбург рекол: „Апсолутно неприфатливо. Во Хамбург до стадионот не смее да се вози ниту со електрични автомобили, па навивачите користат јавен превоз, а репрезентациајта на Турција онака кратка релација оди со авион“.
- Турците сега во вторник ги чека осминафинале од 21 часот против Австрија во Лајпциг.