- Данскиот репрезентативен центарфор и крилен напаѓач Рамус Хојлунд (20) дојде на голема врата во Манчестер Јунајтед по одличните партии во италијанска Аталанта.
- Премиерлигашот за него плати околу 73,9 милиони евра, а Хојлунд постигна пет погодоци во Лига на шампиони од каде Манчестер Јунајтед испадна како последнопласиран и не се пласираше ниту во Лига Европа, и ниту еден гол нема во Премиер лига во која одигра 800 минути на 13 меча.
- Хојлунд има севкупно 20 настапи сезонава во сите натпреварувања а статистичката платформа Opta пресметала дека тој е центарфор со најмалку примени топки од сите напаѓачи во Премиер лига. Некои тврдат дека тактиката на тренерот Тен Хаг го спречува Данецот да покаже што знае.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.