- Прославениот српски фудбалер и тренер Вељко Пауновиќ кој е роден во Струмица пред 48 години, својата кариера ја започна во матичниот Партизан од каде се пресели во Шпанија и направи голема кариера во Атлетико Мадрид, Мајорка, Овиедо, Тенерифе. Играше уште и во Германија и во Русија.
- Како тренер направи најголем успех кога стана светски шампион со Србија У-20 откако во големо финале го совладаа Бразил. Многумина играчи од таа генерација веќе неколку години се во А селекцијата на Србија, меѓу нив Сергеј Милинковиќ-Савиќ, брат му Вања М.С., Александар Митровиќ, Немања Максимовиќ, Андрија Живковиќ, Немања Гудељ, Слободан Рајковиќ и други.
- Пауновиќ во мај годинава го внесе Овиедо во прва шпанска Ла Лига после повеќе од 20 години но доби отказ после само неколку кола во новата сезона. Беше успешен тренер и во МЛС лигата во Шпанија, во англиски Рединг и во мексикански Гвадалахара и Тигрес.
- Фудбалскиот сојуз на Србија се договорила со Пауновиќ тој да ја преземе репрезентацијата која има теоретски шанси да оди на Светско првенство 2026. Ја очекуваат дуели со Англија на гости во Лондон и со Летонија дома, а притоа треба да чекаат кикс на Албанија против Андора или пораз против Англија.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.
- 27-годишната Русинка родена во Москва а која од 2018-та игра под знамето на Казахстан, Елена Рибакина конечно ја презеде лидерската позиција број 1 во женскиот тенис и стана 30-та првопласирана тенисерка во историјата на ВТА рангирањето.
- По неколкуте порази на Арина Сабаленка на претходните 4 турнири, Белорусинката го изгуби статусот прва на ВТА ранг листата откако Елена Рибакина ја совлада Коко Гауф во полуфинале на УС Опен и закажа дуел токму со Сабаленка во финалето.
- Дури и ако Сабаленка победи во големото финале за пехар на УС Опен кое се игра во недела вечер од 20:00 часот по Средноевропско време, Рибакина ќе остане прва на листата. Елена ја искористи лошата форма на Сабаленка во изминатите летни месеци и конечно ја симна од врвот после цели 193 недели!
- „Разбирам навистина колку е тешко да се дојде до бројот 1 на свет. Тоа беше една од моите цели, но сега не можам ништо повеќе да сторам. Не играв добро на средина од сезоната. Елена ја презеде првата позиција и играше навистина добро. Не можам ништо со тоа јас. Можам само да се фокусирам на себеси и да останам во моментот и да се обидам да одиграм најдобро сега. Да се држи формата и можеби ќе ја повратам од неа позициајта број 1“, рече Сабаленка.
- Овие две тенисерки досега се сретнаа 17 пати на ВТА турот и Сабаленка има дури 10 победи. Сезонава 2026 се сретнаа во финалето на Отвореното првенство на Австралија кога Рибакина славеше а Сабаленка и возврати откако ја победи на Индијан Велс и Мајами.