- Легендарниот Бразилец и еден од најтрофејните фудбалери во историјата на големиот Реал Мадрид, Марсело, после пет месеци заминува од грчки Олимпијакос.
- Левиот бек кој има 34 години добил богата понуда од друг клуб чие име уште не го открил, а од грчкиот шампион се прости на социјалните мрежи каде им се заблагодари на клубот и навивачите за прекрасното време и незаборавните моменти.
- „Пиреа и луѓето кои во неа живеат ќе ми останат засекогаш во срцето. Сигурен сум дека не доаѓам последен пат во оваа прекрасна земја. Праќам љубов и уважување до управата, соиграчите и навивачите, ви посакувам успешна иднина. Фала Олимпијакос“, напиша Марсело.
- Тој одигра вкупно 332 минути, постигна три гола од кои два беа многу ефектни. Во грчката Суперлига одигра 92 минути, во Лига Европа 81 минута а во Купот го одигра двомечот со Атромитос во 1/8 финале каде постигна вкупно три гола.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.