Почина легендарниот Лени Вилкинс
10 ноември 2025
- Лени Вилкинс, кој почина на 88 години, влезе во Кошаркарската куќа на славните како играч и тренер и член на Дрим тимот од 1992 година, како асистент тренер.
- Беше синоним за елеганција и достоинство на теренот и на клупата. Водеше од клупата дури 2.487 НБА натпревари, што и понатаму останува рекорд, а влезе во историјата и како прв тренер со над 1.000 победи. До пензија стигна до 1.332.
- Најпознат е по освојувањето на титулата со Сиетл во 1979 година, триумф што го направи вечна легенда на тој град, а во 1994 година, беше прогласен за тренер на годината
- Ја предводеше репрезентацијата на САД до злато на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.