Почина Бугаринот кој се прекрсти во Манчестер Јунајтед
14 октомври 2025
- Бугаринот Манчестер Јунајтед од местото Свишов починал синоќа, пишува бугарски „24 часа“. Ексцентричниот Бугарин чие право име беше Мартин Здравков Левиџов имаше дури и тетоважа од грбот на Манчестер Јунајтед на челото. Тој добил еднаш покана од англискиот весник „Сан“ да го посети „Олд Трафорд“.
- За неговата преданост кон Манчестер Јунајтед е снимен и документарен филм од Стефан Влдобреб. Во документарката се појавува и Димитар Бербатов.
- Низ годиниве Здравков Левиџов западнал во тешка депресија, немал стална работа, ја загубил мајка му и останал сосема без пари. Имал проблеми и со алкхолот. Од општината добил понуда да се грижи за стадионот „Академик“ и да го одржува теренот.