- Се одигра навистина исклучително интересен натпревар, одигран на европски гледано високо ниво, со многу комбинаторика, остро, цврсто со многу дуели, со многу шанси и удари на гол на двете страни, и дефинитивно со двајца одлични голмани кои ги заслужија сите пофалби.
- Мислам дека да не беше тој случаен погодок, првото полувреме лесно ќе завршеше без предност за ниту една од екипите, а потоа во вториот дел текот на дуелот многу што поразлично можеше да донесе. Но, факт е дека по тој примен гол одлично реагиравме.
- Ми претставува вистинско задоволство што гледам дека Боби Милевски сака и се труди да има тим на терен кој ќе игра, ќе се надигрува и ќе биде доминантен дури и против далеку посилни селекции.
- Ако сега оваа наша репрезентација ја однесете во Д-лигата од Лигата на нации, како што претходно обезбедивме настап на ЕП, гарантирам дека без никаков проблем повторно ќе биде најдобра во таа лига Д, вели Дарко Панчев за Екипа.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.