- Високиот пораз на Македонија од Данска ја разочара македонската фудбалска јавност. Гоце Седлоски не му даде шанса на херојот од Палермо, Александар Трајковски. Држи вода статусот на неговата сопруга.
- „Човекот кој со години се даваше безрезервно за репрезентација, чове кој толку придонесе за својата земја со своите игри и со своето срце, седи на клупа. И молчи. Достоинствено.
- Ова не е во ред. Не е човечки. Неправда е. Во време кога квалитетот, искуството и лојалноста треба да бидат мерило за сè, ние гледаме како оние кои со години го носат теретот и одговорноста, се тргаат на страна. Човекот кој толку даде за репрезентацијата, не доби шанса да го запише својот 99. настап“.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.