Одлична вест за Битолчани, Филип Кузмановски останува
19 јуни 2026
- Најдобриот македонски ракометар, капитен на репрезентацијата и на Пелистер, останува меѓу зелено-белите.
- Веднаш по крајот на сезоната во домашните натпреварувања, Кузмановска прифати една интересна понуда да игра само три недели во Кувајт, во тимот на Кувајот Спорт Клуб и тоа на Азиското клупско првенство. Таму пружи одлични партии и беше еден од најдобрите.
- Битолчани прават голема реконструкција на тимот, прават шампионска екипа на чело со новиот тренер Лино Червар. Во новата сезона Пелистерци веројатно ќе играат во Лигата на Европа.
- „Капитенот останува со нас“, напишаа од Пелистер на друштвените мрежи.