Од локалните игралишта до легендарната „Ацтека": сон кој стана реалност за 19-годишниот Матеј
16 јули 2026
- Има моменти во животот кои те менуваат засекогаш, а за Матеј, млад фудбалер, тој момент дојде на едно неверојатно место: трибините на митскиот стадион „Ацтека" во Мексико Сити, токму на отворањето на Светското првенство.
- Со само 19 години, преку наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ организирана од Hisense и Gorenje, тој доби нешто што малкумина некогаш ќе го доживеат, да биде дел од историјата на едно од најсветите места во светскиот фудбал.
- Преку кампањата „Кој ти брани да одиш во Мексико?“, Hisense и Gorenje не доделија само патување, туку создадоа животно искуство кое ќе остане траен спомен за еден млад фудбалски ентузијаст. А за Матеј, ова можеби е само почеток на уште поголеми соништа и успеси што допрва го очекуваат.