- Кошаркарската Евролига од година во година е сè поатрактивна и подобра. Летово клубовите учесници прават големи трансфери и се подготовуваат за новата сезона која почнува на 5-ти октомври.
- Со ждрепка е одреден распоредот. Во првото коло во Атина ќе има мега спектакл меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. „Зелените“ кои се меѓу најтрофејните европски клубови сакаат после долго време да се вратат на врвот а за таа прилика донесоа дури 9-10 нови засилувања меѓу кои и доскорешната клупска легенда на најголемиот ривал Олимпијакос, Костас Слукас кој направи земјотрес со трансферот.
- Во 5. коло од Евролига ќе има и белградско вечни дерби меѓу Партизан и Црвена звезда. Актуелен шампион во Евролигата е Реал Мадрид кој ќе ја брани титулата. И Евролига како и НБА се реши за нова идеја на плеј-ин, односно доигрување за клубови пласирани од 7. до 10. место кои од 16-ти и 19-ти април ќе играат за пласман во четвртфинале. Фајнал Форот е закажан за 24-26 мај во Берлин.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.