- Славниот долгогодишен капитен на Мајнц и поранешен македонски репрезентативец им се приклучи на поранешните негови соиграчи во ФФМ.
- „Новески е назначен за раководител на скаутинг службата, со задача да ја координира и развива стратегијата за следење и идентификување на млади таленти со македонско потекло ширум Европа и светот. Оваа активност е дел од новите приоритети на ФФМ, со цел да се прошири базата на фудбалери за сите национални селекции и да се отвори уште поголем простор за иднината на македонскиот репрезентативен фудбал“, соопштуваат од ФФМ.
- Николче Новески кој има 64 настапи за македонската репрезентација ќе работи во координација со Горан Пандев, Ѓорги Христов и Агим Ибраими во насока на следење на фудбалерите, како и организирање на тест натпревари надвор од Македонија, каде младите ќе имаат можност да се докажат.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.