- Танасис Антетокумпо, ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ во редовите на Арис.
- Искусниот 34 годишен грчки репрезентативец потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување на уште една, со што Арис доби играч со богато НБА и европско искуство.
- Антетокумпо се враќа во грчката кошарка по неколку години поминати во НБА лигата, каде што го носеше дресот на Милвоки заедно со Јанис, а во 2021-ва станаа шампиони.
- Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски настапува во Бундеслигата, а од меч во меч има одлична статистика која го држи при врвот по пет одиграни кола.
- Со вкупно 53 одбрани зад своето име во пет меча, Мартин Томовски е вториот најдобар голман во Бундеслигата по бројот на интервенции. Пред него е само Давид Спат, Германецот кој брани за Рајн Некар Левен, а има 64 одбрани.
- Зад Томовски се Бертрам Облинг од Гумерсбах (50 одбрани), Ласе Лудвиг од Фуксе Берлин (47 одбрани) и Робин Хауг од Хамбург (41 одбрана).
- Томовски и Битигхајм, сепак, веројатно ги чека битка за опстанок. Тимот на македонскиот голман има една победа во пет одиграни натпревари.
- Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки на претстојниот прозорец (26.09 – 06.10) од новиот циклус од Лигата на нации.
- Причината е административна процедура поврзана со неговиот престој и работниот статус во Полска. Клубот Погон Шчечин во кој настапува Чурлинов доцна ја започнал постапката за обезбедување на потребната работна и документација за негов престој.
- Во случај на негово напуштање на Европската Унија и доаѓање во Македонија, повторното враќање во државите од Европската унија би можело да биде отежнато, односно да биде предмет на соодветни санкции поради надминување на дозволениот период на престој без потребните документи за работа и престој, соопштуваат од ФФМ.