- Само две години откако доминираше во дресот на УНИКС Казан, со кој ја освои титулата и признанието за МВП во плејофот, Нено се враќа во ВТБ лигата.
- Руските медиуми пишуваа дека обезбедил профитабилен двегодишен договор со Зенит, со плата од 1,5 милиони евра по сезона, додека Милано му платил 500.000 евра за раскин на договорот.
- Македонскиот репрезентативец ја загуби минутажата кај Еторе Месина, а во Евролигата имаше просек од 7,6 поени, 2,9 асистенции, 1,6 скока и 0,4 украдени топки за 17 минути по натпревар.
- Вечерва од 21 часот ќе се одиграат сите 18 натпревари од последното коло на Лига на шампиони. Во вторникот вечерта немаше фудбал, сите натпревари се закажани за вечерва. Дури 32 екипи од вкучно 36 имаат шанса за пласман во следна рунда.
- Арсенал и Баерн Минхен се сигурни патници директно во осминафинале, а за разигрување шанси имаат голем број екипи. Од 6-то до 13-то место има група клубови со по 13 бода и сите ќе бркаат директен пласман во 1/8 финале и ќе се потрудат да избегнат доигрување.
- На крајот тимовите пласирани од 9-то до 24-то место ќе играат во доигрување за пласман во осминафинале. 9-от и 10-от ќе играат против екипите кои се на 23-то и 24-то место, 11-от и 12-от ќе играат против 21 и 22 на табела и така натаму.
- Дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Њукасл во директен дуел за место кое води право во 1/8 финале.
- Ракометарите на ЕП се соочуваат со турбо распоред, кој предвидува два натпревари за помалку од еден ден. Причината е усогласување на крајот на двете групи во Малме и Хернинг, пред полуфиналиња во петок и финалниот дел во недела.
- Се погласни се реакции дека ваквиот систем е опасен по здравјето на играчите. Поранешниот играч на Металург и Вардар, Лука Циндриќ реагираше после победата над Словенија.
- Се ме боли. Играме за помалку од 24 часа. Оној што го смислил овој распоред, сигурно никогаш не се занимавал со спорт. Се жртвуваме цели подготовки, а потоа по шестиот или седмиот меч играме меч од кој ни зависи полуфиналето. И после тоа нов натпревар за помалку од 24 часа. Тешко е и премногу интензивно. Не можеш да се регенирираш ни за два дена, а камоли за еден. Ова не е здраво за никого.