- Некогашниот фудбалер на Барселона а подоцна тренер на Б тимот на Каталонците од 2015-та до 2018-та во разговор за Онда Серо вели дека редовно си добивал судиски анализи и извештаи од синот на контроверзниот судија Негреира и дека тоа многу му помагало.
- „Јас бев со резервите (вториот тим на Барселона) и добивав судиски рапорти од синот на Негреира и тие беа екстремно корисни за мене“, вели Жерар Лопез кој сега е селектор на репрезентацијата на Каталонија и стручен коментатор во шпанските медиуми.
- Времето на Лопез како тренер во Барселона Б соодветствува со трите последни години кога управата на Барса му плаќала пари на сметка на судијата Хозе Марија Енрикез Негреира кој во тоа време беше потпретседател на Шпанскиот технички судиски комитет.
- Овие плаќања на сметка на синот на фудбалскиот судија сега се предмет на судски процес.
- „Негреира е историска грешка за Барса, но тоа е далеку од тоа да се каже судиите биле потплатени“, рекол Лопез.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.