- Фудбалскиот клуб Наполи на својот сајт објави дека Масимилијано Алегри е нов тренер на екипата по заминувањето на Антонио Конте. Алегри минатата сезона го водеше Милан кој долго време беше прв или втор на табела за да на крајот после катастрофални односи меѓу управата и стручниот штаб, росонерите претрпат неколку порази по ред и испаднаа од место во Лига на шампиони.
- Алегри и целиот стручен штаб добија отказ, заминаа од клубот а сега одат во Наполи.
- „Наполи му посакува добродојде на Масимилијано Алегри кој ќе ја преземе функцијата тренер на првиот тим. Тренерот потпиша договор кој ќе го обврзува со клубот до 30-ти јуни 2029-та“, соопшти првиот човек на Наполи претседателот Аурелио Де Лаурентис на неговиот Х профил.
- Алегри ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, далеку под онаа од 5 милиони која што ја имаше во последната сезона во Милан со кого имаше договор до крај на 2027-ма. Како и во 2014-та така и сега тој го наследува Антонио Конте на клупата, тогаш во Јувентус сега во Наполи.
- Алегри во 2010-та му го донесе 18-то шампионско скудето на Милан и шестиот трофеј во италијанскиот Суперкуп. Од 2014 до 2019 беше тренер на Јувентус со кого освои 5 шампионски титули по ред, четири Купа на Италија и два Суперкупа на Италија. Два пати ги водеше бјанконерите и до финале на Лига на шампиони.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.