- Италијанскиот шампион Наполи соопшти дека Французинот Руди Гарсија е нов тренер на екипата. 59-годишниот Гарсија беше тренер на Рома од 2013-та до 2016-та година а подоцна ги тренираше Марсеј и Лион.
- Последниот ангажман Гарсија го имаше во саудискиот Ал Наср каде му беше тренер на Кристијано Роналдо и каде доби отказ неодамна.
- Гарсија беше меѓу кандидатите на претседателот на Наполи Ауреило Де Лаурентис, но вестите постојано одеа во насока дека нов тренер ќе биде Французинот Криштоф Галтие кој речиси сигурно заминува од ПСЖ летово.
- Легендарниот голман и капитен на репрезентацијата на Бугарија и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов починал утрово во Софија. Тој почина на 63 години после долго боледување.
- Михаилов од минатата година беше во вештачка кома и не успеа да преживее и покрај големите напори од лекарите и најблиското семејство, пишува бугарски ДСпорт.бг.
- Борислав имаше 102 натпревари за репрезентацијата и важи за најдобриот голман во историјата на Бугарија. Неговиот син Николај Михаилов исто така беше голман и капитен на бугарската репрезентација а токму тој ја соопштил тажната вест за татко му.
- Михаилов бранеше за Бугарија на Мундијалот 1986 во Мексико каде запиша 4 настапи и на кулното Светско првенство 1994 во САД каде Бугарите направија чудо, стигнаа до полуфинале а Борислав претходно во четвртфиналето против Мексико ги спаси со две бравурозни одбрани. Бранеше и за Левски, Белененшеш, Мулуз, Ботев, Рединг, Славија и Цирих.
- Од 2000-та беше член на Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз а од 2005-та го избраа за претседател, функција која ја вршеше цели 18 години пред да ја напушти функцијаа поради болест.
- Англиската фудбалска јавност чека да види дали Тотенхем и официјално ќе го претстави Роберто Де Ѕерби за нов тренер, односно в.д. тренер и спасител до крајот на сезоната.
- Тотенхем (30 бода на 31 натпреваР) игра срамна сезона во Премиер лига и се наоѓа на само 1 бод од опасната зона за испаѓање во втора лига. На 7 кола до крајот ќе се борат за опстанок заедно со градскиот ривал Вест Хем (29 бода).
- Управата на Спарс е во преговори со италијанскиот стручњак кој ги водеше со голем успех Сасуоло, Шахтјор Доњецк, Брајтон (го однесе во еврокупови) и Олимпик Марсеј.
- Поранешни играчи и тренери на Тотенхем имаат различни мислења за Де Ѕерби. Повеќето велат дека неговите екипи играат убав фудбал, отворен, брз и напаѓачки но дали е тоа тоа што во моментов му треба на лондонскиот клуб.
- Тотенхем неодамна го отпушти Игор Тудор по серијата порази и мизерни настапи на Тотенхем кој до крајот го чекаат средби со Сандерленд, Брајтон, Вулверхемптон, Астон Вила, Лидс Јунајтед, Челси и Евертон. Дали е Де Ѕерби спасот?