- Ханси Флик доби нов договор од управата на Барселона, кој ќе го врзе со клубот до 30 јуни 2027 година.
- Флик победи на 43 од 54 натпревари, со 73% успешност, најдобар процент во деби сезона откако Луис Енрике забележа 83%. Статистика што го доведе овој млад тим до домашна тројна титула во Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкуп на Шпанија.
- Двојна круна во својата прва сезона претходно успеале да освојат само уште четворица: Ван Гал, Ернесто Валверде, Гвардиола и Луис Енрике.
- Германскиот стратег ги израдува навивачите на Барса во својата прва сезона од многу причини: поради вербата што ја даде на тимот, епските прсврти и трофеите. Возбудата што Германецот ја донесе во клубот во својата прва година, ја направи Барселона повторно страшен ривал во Европа, стои во дел од соопштението на клубот.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.