Најинтересната битка за опстанок: Вест Хем или Тотенхем оди во бездната
12 мај 2026
- На две кола пред крајот, со Барнли и Вулверхемптон одамна испаднати во втора лига, се очекува да им се придружи еден од лондонските големци, Вест Хем или Тотенхем.
- Спарс кои се на 17-то место, ја играат најмизерната сезона во последните неколку децении. Синоќа одиграа нерешено 1-1 против спасениот Лидс Јунајтед и не го искористија во целост поразот на „чеканите“ од Арсенал.
- Тотенхем има 2 бода повеќе од Вест Хем кој е 18-ти и е под цртата која значи испаѓање во Чемпионшип. Екипата предводена од новиот тренер, Италијанецот Роберто Де Ѕерби врза конечно 3 позитивни резултати (2 победи и 1 нерешена) но и натаму уште од 6-ти декември нема победа на домашен терен.
- „Ќе биде многу тешко (да се опстане) - знаеме дека веќе не е само во наши раце. Ќе се бориме за тоа и ќе продолжиме да се бориме“, рекол тренерот на Вест Хем Нуњо Еспирито Санто.
- Тотенхем до крај го чека градско дерби со Челси на гости (19-ти мај) и домашен дуел со Евертон (24-ти мај). Вест Хем оди на Сент Џејмсис Парк во Њукасл (17-ти мај) и го пречекува Лидс Јунајтед (24-ти мај).
- Тотенхем има само една победа на „Стемфорд Бриџ“ за цели 36 години, а ја забележа во 2018-та.