- Арда Ѓулер има само 18 години а изминатава сезона блесна во дресот на Фенербахче со кој го освои Купот на Турција. Ѓулер се издвојува како права 10-ка, волшебник со топката и по многу нешта потсеќа на Лео Меси поради што го доби прекарот „турскиот Меси“.
- За него, кратко време откако се појави на голема сцена, скаути пратија многу клубови. На почетокот на летото се чинеше дека италијанските гиганти ќе бидат најблизу до неговиот потпис, сè додека во трката не се вклучија Реал Мадрид и Барса.
- Дејли Мејл денес пишува дека Реал е спремен да ја плати откупната клаузула за Ѓулер чиј договор истекува следната сезона. Претседателот на Фенербахче Али Коч му нудел „злато, ридови и долини“ на Арда да остане во Истанбул но Реал вика еднаш во животот.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.