- Кошаркарите на МЗТ Скопје со 3-1 во финалната серија го совладаа ривалот ТФТ Скопје и ја освоија 12-та шампионска титула во својата клупска историја. „Штрковите“ со 77-53 го победија ТФТ во четвртиот финален натпревар.
- МВП на финалната серија беше Американецот Дион Едвин а најефикасен беше Војдан Стојановски со 17 поени. Неговиот брат-близнак Дамјан Стојановски само неколку дена откако стана татко, ја освои 10-та јубилејна шампионска титула во македонската кошарка со МЗТ Скопје а има 10 Купа на Македонија. Тој пет пати беше биран за најдобар кошаркар на сезоната во Првата лига и три пати за најдобар играч на Купот. Има и шест одличја во кошаркарскиот Супер Куп со што е права и вистинска легенда на МЗТ Скопје.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.
- И покрај тоа што беше веќе потврдено дека некогашниот капитен и легенда на Севиља и Реал Мадрид ќе купи мнозински пакет акции во андалузискиот клуб, луѓето од клубот се откажале и ги допратиле до врата. „Договорот е прекршен и пропадна“, така рекол извор од клубот Севиља за последниот состанок меѓу инвестициската група на Серхио Рамос и луѓето од клубот.
- Рамос и неговите партнери претставиле значајни измени на договорот постигнат на 12-ти мај во кој се обврзале дека ќе платат 450 милиони евра, ќе го смалат признатиот јавен долг од 88 милиони евра за 80% од акциите на клубот“, рекол неименуван извор и додал: „Рамос после дојде со нова идеја: да купи околу 30.000 од акциите за 100 милиони евра, а договорот беше да купи 86.000 акции. После ова групата на Рамос предложила да ја зголеми сумата на 120 милиони но за 42% од акциите.
- „Бевме шокирани зошто сакаше да ја купи Севиља за едвај речиси 100 милиони евра, па после да изврши зголемување на капиталот од нешто повеќе од 100 милиони евра и на акционерите да им плати многу помалку. После ова состанокот беше распуштен“.