- Раководството на РК Алкалоид ја промовираше салата Автокоманда во свој нов ракометен дом и ја презентираше стратегијата за развој на ракометните школи.
- „Почнавме пред една и пол година, но ова кое сега го гледате е едно прекрасно чувство на млади луѓе посветени на спортот. Посакуваме да изградиме систем во кој сите ќе се вклопат и човековите вредности и растот ќе бидат на прво место. Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков“, рече газдата Живко Мукаетов.
- „По само година и пол по формирањето на ракометниот клуб Алкалоид од Скопје, чест и задоволство ми е што ја имаме оваа заедничка прилика да присуствуваме на реновираниот од корен ракометен дом Автокоманда. Мислам дека сме прав пример не само за клубовите во Македонија, туку во регионот и тоа не само во овој спорт, туку и во сите останати“, изјави тренерот на првиот тим Кире Лазаров
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.