- „Во изминативе три дена мислев дека некој од ФФМ ќе превземе одговорност. Во ваква ситуација претседателот треба да излезе пред јавноста да се извини за направената штета, да каже дека нема капацитет да ја води фудбалската федерација што е повеќе од очигледно и да поднесе неотповиклива оставка заедно со раководството и селекторот“.
- „Одговорноста е лична карактерна особина. Или ја имаш или ја немаш. Во случајов со Милевски лична одговорност не чувствува. Дали е свесен дека легитимитетот за функцијата што ја обавува се резултатите“.
- „За неколку месеци повторно треба да ги погледнете во очи истите тие луѓе и да излезете на терен пред навивачите. Можете да избегнете прес конференција, но пред навивачите треба да се појавите или на трибини заради недолично однесување или на терен“, вели Игор Ангеловски во интер за Спорт1.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.