Фото: Epa Images
- Најтрофејниот италијански клуб вечерва соопшти дека му врачил отказ на тренерот Тиаго Мота и ќе му исплати обештетување од 20 милиони евра. На негово место ќе дојде Игор Тудор, некогашен фудбалер на бјанконерите и поранешен тренер на Хајдук, Галатасарај, ПАОК, Удинезе, Верона и кратко на Марсеј.
- Мота седна на клупата на Јувентус во јуни минатата година и доби тригодишен договор. Тој претходно имаше одлични резултати со Болоња со која се пласираше во Лига на шампиони. Но Јувентус под негово водство бележеше прилично очајни резултати, а капак на се беа дебаклите со Аталанта 0-4 дома и 3-0 од Фиорентина на гости минатиот викенд. Јуве притоа испадна од Лига на шампиони од ПСВ Ајндховен а испадна и од Купот на Италија (0:1) од Емполи.
- Јувентус е надвор од местото кое води во Лига на шампиони и 12 бода зад лидерот Интер.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.