- Македонската фудбалска репрезентација ослабена ќе го стартува новото издание во Лига на нации против Фарски острови на гости и со Ерменија дома на 7 и 10 септември.
- Поради повреди откажаа Александар Трајковски и Милан Ристовски кои имаат мускулно истегнување.
- Дополнително ќе се одлучува дали селекторот ќе повика нови играчи на нивно место.
- Македонија ги заврши обврските на домашен терен за 2025-та, со пријателски натпревар против Летонија, кој заврши без голови.
- Селекторот Боби Милевски е задоволен од фудбалерите, но не и од теренот.
- „Сето она што си го зададовме како цел за овој натпревар, го исполнивме. Тоа беше да испробаме нова тактика која ќе ја користиме во иднина и поради тоа мора да сум задоволен како фудбалерите ги одработија дадените задачи“.
- „Жал ми е што немавме подобри услови за игра, се надевам дека во иднина сите заедно ќе направиме напори за подобар терен бидејќи тој влијаеше и на нашата завршница“, изјави Милевски.
- Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.
- Наградата „13 Ноември“ - Спортист му беше доделена на еден од најуспешните македонски пливачи Евгениј Поп Ацев, кој минатата година го преплива Ла Манш и со тоа стана петтиот Македонец кој го препливал каналот.
- За најдобар тренер е прогласен Кире Лазаров, кој со Алкалоид стигна до титулата ЕХФ Европски куп, а наградата „Спортска екипа“ му припадна токму на ракометниот клуб Алкалоид.
- Наградите „13 Ноември“ се доделуваат по 55-ти пат, традиција што започна уште во 1970 година.