- Откако седумкратната светска шампионка во дама Тамара Тансикужина изјави дека е исклучена од рејтингот на Светската шаховска федерација само затоа што доаѓа од Русија, сега британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон најави дека секој што сака да носи или игра под руско знаме нема да може да влезе во земјата.
- Данил Медведев е 2. на светската ранг листа со само десет бода зад лидерот Новак Ѓоковиќ. И двајцата би требало да играат на претстојниот Вимблдон, но англиските медиуми сè погласно заговараат Русинот да биде исфрлен од турнирот.
- Еден од најдобрите светски тенисери досега го тргна руското знаме од неговите профили на социјалните мрежи и не се огласуваше во врска со воениот конфликт во Украина.
- Најдобриот светски тенисер на сите времиња според многумина, Новак Ѓоковиќ во објава на Инстаграм му честиташе победа против Велс на неговиот добар пријател Един Џеко со натпис: „Браво Едине, браво БиХ!“, а сега допатувал во Босна и Херцеговина за да го следи дуелот БиХ - Италија.
- Овие две селекции вечерва од 20:45 ќе играат на стадионот „Билино Поље“ во Зеница за пласман на Светско првенство 2026.
- Ѓоковиќ го искористил патот во БиХ и по седми пат да отиде кај фамозните „Босански пирамиди“ каде домаќин повторно му беше Семир Османагиќ.
- Легендарниот голман и капитен на репрезентацијата на Бугарија и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов починал утрово во Софија. Тој почина на 63 години после долго боледување.
- Михаилов од минатата година беше во вештачка кома и не успеа да преживее и покрај големите напори од лекарите и најблиското семејство, пишува бугарски ДСпорт.бг.
- Борислав имаше 102 натпревари за репрезентацијата и важи за најдобриот голман во историјата на Бугарија. Неговиот син Николај Михаилов исто така беше голман и капитен на бугарската репрезентација а токму тој ја соопштил тажната вест за татко му.
- Михаилов бранеше за Бугарија на Мундијалот 1986 во Мексико каде запиша 4 настапи и на кулното Светско првенство 1994 во САД каде Бугарите направија чудо, стигнаа до полуфинале а Борислав претходно во четвртфиналето против Мексико ги спаси со две бравурозни одбрани. Бранеше и за Левски, Белененшеш, Мулуз, Ботев, Рединг, Славија и Цирих.
- Од 2000-та беше член на Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз а од 2005-та го избраа за претседател, функција која ја вршеше цели 18 години пред да ја напушти функцијаа поради болест.