- Манчестер Сити соопшти на својот сајт дека се пресреќни што може да го потврдат доаѓањето и потписот на новото засилување - Антоан Семењо, крилен напаѓач од Борнмут.
- 26-годишниот Семењо е роден во Лондон од родители од Гана и игра за оваа африканска земја. Почнал сериозна кариера во Бристол Сити а потоа се калел на позајмици во нисколигашите Бат Сити, Њупорт Каунти и познатиот Сандерленд.
- Во Борнмут блескаше и стана еден од најдобрите офанзивни фудбалери кој може да покрива повеќе позиции. Само сезонава на 21 натпревар има 10 гола и 3 асистенции.
- „Многу сум горд што дојдов во Манчестер Сити. Го гледав Сити изминатата деценија под Пеп Гвардиола и имаат доминантен тим во Премиер лига а освоија и прекрасни работи во Лига на шампиони, ФА Куп и Лига Куп. Имаат највисоки стандарди и е клуб со светска класа играчи, светска класа терени и еден од најдобрите тренери на сите времиња. Многу се жртвував за ваков развој, така што да се биде во овој клуб во оваа фаза од кариерата е совршено за мене. Права привилегија е ова за мене“, рекол Семењо.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.